Нептун, планетата на илузиите, соништата и имагинацијата, отиде ретроградно на 5 јули и ќе продолжи со тоа темпо до 11 декември. Оваа планетарна позиција нема да им се допадне на Овните, Раковите, Вагите и Јарците.
Ретроградниот Нептун во Овен носи силен внатрешен конфликт помеѓу потребата за акција од една страна и конфузијата и внатрешните дилеми од друга страна.
Визии без цел
Овенот, како огнен знак познат по својата борбеност, самодоверба и директност, не е природна почва за небулозниот Нептун.
Кога Нептун се наоѓа во овој знак и оди ретроградно, се јавува преиспитување на личните идеали, соништа и внатрешни мотиви за дејствување. Честопати постои импулс да се постигне нешто по секоја цена, но без јасна визија за тоа што е вистинската цел.
Може да постои чувство на губење на идентитетот преку борба за нешто што всушност нема солидна основа. Луѓето можат да станат склони да ја идеализираат акцијата и сопствената борба, заборавајќи да препознаат што е реално.
Соочување со илузии
Ова е период кога треба да се научи како соништата можат да се претворат во реалност и да добијат поконкретна форма. Нептун ретроградно во Овен нè поканува да се соочиме со сопствените илузии за тоа кои сме како поединци, каква моќ поседуваме и како ја користиме.