Рецепт за пилешко во сос од печурки: Кремаст оброк кој можете да го комбинирате со се

Ручек за целото семејство

Скоро секој сака пилешко и може да го јаде во сите облици. Меѓутоа, ако се приготвува во сос од печурки, тогаш дефинитивно ќе биде рецепт кој сите ќе го сакаат.

Состојки за пилешко во сос од печурки:

  • 1 големо парче пилешко филе без коски
  • 400 гр печурки
  • 100 мл крем за готвење
  • половина чаша пилешка супа
  • 100 гр брашно
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажичка мелена пиперка
  • 1 лажичка суво оригано
  • 1 чаша рендано сирење
  • 1 шолја спанаќ
  • маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка пиперка

Подготовка на пилешко во сос од печурки:

Во сад измешајте ги брашното, мелената пиперка, ориганото, солта и биберот и убаво измешајте.

Зачинете го пилешкото филе од двете страни со сол и бибер и други зачини. Потоа пресечете го на саканите парчиња , можете да го исечете и на шницли, па во друг сад „поминете“ низ брашното.

Во длабока тава загрејте добро маслиново масло, па додадете го пилешкото да се пржи. Гответе до три минути од двете страни додека не порумени. По ова време, извадете го пилешкото и ставете го на чинија.

Потоа во истото тавче пропржете ситно сечкан лук со печурки исечени на листови. Оставете да се пржи додека не ја смени бојата и не помириса. Откако сè ќе се соедини, додадете го кремот за готвење, супата, пармезанот, солта и биберот. Оставете го сосот да врие неколку минути и гледајте да се згусне.

Вратете го пилешкото назад во тавата и покријте го со малку сос за да биде „опкружено“ со сосот од печурки од сите страни. Продолжете да готвите додека пилешкото малку не омекне, а потоа послужете со ориз или тестенини.

Пријатно!