Вкусен ручек кој многумина ќе ги врати во детството
Секој од нас има сеќавање на едно детско јадење кое било популарно во стара Југославија. Една од нив е слатката зелка без месо по рецептот кој ви го претставуваме.
1 зелка
1 чаша флаширани домати
1 кромид
2 моркови,
свеж магдонос, сол
2 чешниња лук
Запршка:
половина лажица брашно
малку масло
мелена и изматена лута пиперка
Подготовка:
Морковот и кромидот ситно се сечкаат и се пржат во тавче со малку масло. Исечете ја зелката и ставете ја во тенџерето. Истурете вода и оставете да се вари околу половина час. Додадете ги доматите од шишето. Додадете сол. Во тавче ставете малку масло и половина лажица брашно и пропржете. Додадете мелена пиперка и малку изматена лута пиперка по желба и со неа пропржете ја зелката. Нежно промешајте. На крајот додадете лист магдонос.