Рецепт кој секогаш успева: Подгответе совршено меки палачинки

Доколку не сте задоволни од направените палачинки бидејќи се тврди, постои кулинарски трик благодарение на кој секој пат ќе бидат совршено меки.

Потребни ви се: четири јајца, 300 грама мазно брашно, две лажици растопен путер, една лажичка сол, една лажица шеќер, 600 милилитри млеко и 100 – 150 милилитри вода.

Имено, финтата е во тоа што наместо да ги скршите јајцата и да ги изматите со вилушка или лажица, одвојте ги жолчката и белката. После тоа, во посебен сад изматете ги белките во цврст „снег“, по можност со миксер.

Со лажица додајте малку од овој „снег“ во смесата за палачинки која претходно ја направивте од наведените состојки, многу внимателно да не попушти.

Потоа земете ја смесата со лажичка на вообичаен начин и пропржете ги палачинките.