Рецепт на денот: Пилешко во крем сос од печурки

Зошто да поминувате долго време во кујната и да готвите комплицирани јадења, кога има едноставни и брзи рецепти со кои ќе направите вкусен ручек. Пробајте го овој рецепт за пилешко во крем сос од печурки.

Потребни состојки:

1 шолја брашно

4 парчиња пилешки стек

2 лажици путер

1 лажица маслиново масло

230 гр шампињони

2 чешниња лук

¾ шолја вино

3 шолји пилешки бујон

½ шолја павлака за готвење

Магдонос

Сол и бибер

Начин на подготовка:

Во голема тава растопете 1 лажица путер и масло. Додајте го пилешкото месо и пржете го околу 5 минути и од двете страни додека да добие златеста боја. Извадете го месото од тава и ставете го на чинија.

За сосот:

Растопете го преостанатиот путер во истата тава каде што го пржевте месото и додајте ги исечканите шампињони. Пржете ги додека да бидат готови. Доколку забележите дека течноста испарила, додајте малку маслиново масло. На крајот додајте го исечканиот лук и посолете. Додајте вино, бујон, павлака за готвење, ситно исечкан магдонос и оставете да зоврие. Вратете го пилешкото месо во тава и пржете го уште 10 минути. Добар апетит!