Речиси два милиони Грци се во ризик од сиромаштија

Речиси два милиони Грци се во ризик од сиромаштија или скоро еден од секои пет Грци е изложен на ризик да западне во сиромаштија, се истакнува во извештајот на статистичкиот завод на Грција, ЕЛСТАТ.

Околу 1,95 милиони од 10,4 милиони граѓани, и над 740.000 од 4,05 милиони грчки домаќинства се во ризик од сиромаштија, се наведува во извештајот на ЕЛСТАТ објавен во понеделникот.

Според извештајот, прагот на сиромаштија во земјата е 5.712 евра за домаќинство со едно лице и речиси 12.000 евра за домаќинство со двајца возрасни и две издржувани деца на возраст под 14 години.

Во извештајот се наведува дека ризикот од сиромаштија е поголем кај жените (19,4 %) отколку кај мажите (18,2 %).

Понатаму, извештајот го привлече вниманието на фактот дека над 26 отсто од населението, или приближно 2,72 милиони граѓани, се изложени на ризик од социјална исклученост.

ИЗВОР: ТРТ БАЛКАН