Речиси никој не знае која била првата жена на Раде Шербеџија: Се венчале кога имале по 23 години, добиле две деца, а потоа бракот се распаднал (фото(
Раде Шербеџија покрај богатата актерска кариера, вниманието на јавноста го привлече и поради приватниот живот.
Инаку, жените отсекогаш го сметале за многу привлечен, а тој многу ја сакал својата прва сопруга Иванка Церовац, која била балерина. Сепак, судбината не беше во нивна корист. Се запознале уште како млади и брзо им се разголеле страстите.
Раде Шербеџија дипломирал на 22 години, а во тоа време веќе бил лудо вљубен во својата балерина, како што нагалено ја нарекувал. Грациозната Загрепчанка го освои срцето на Раде затоа што беа сродни души. И двајцата го сакаа театарот.
Раде дипломирал на Академијата во 1969 година, а Иванка на Школата за ритам и танц. Иванка и Раде се венчаа на само 23 години.
И двајцата имаа едвај 23 години и тоа беше вистинска искрена младешка љубов. Веднаш се ангажирал во градскиот театар „Гавела“ каде ги играл Шекспировите „Хамлет“ и „Ричард Трети“, а таа станала танцова кореографка во Младинскиот театар во Загреб.
Во бракот имаа две деца.
Во 1971 година им се роди син, кој го крстиле по таткото на Раде, Данило, а две години подоцна им се родила ќерката Луција. Дотогаш Раде веќе имаше собрано големо актерско искуство.
Крсто Папиќ уште додека беше студент му ја даде првата секундарна филмска улога во „Илузија“, а само една година подоцна ја игра главната улога во филмот на Бранко Иванда „Гравитација или фантастичната младост на службеникот Борис Хорват“. На телевизија се прослави со улогите во класиците на Хрватската телевизија, како сериите „У регистратури“, „Процес на бомбардирање“, „Никола Тесла“, „Патување до волкот“…
Како што растеше неговата слава, неговиот брак почна да се распаѓа во средината на 80-тите.
Во песната „Хамлет машина“, која ја напиша во 1992 година, тој ја призна вината. Тоа го опиша во стихови за „машината за перење“ што и’ ја купил на својата балерина по венчавката. Искра или Олимпија, така ја викаа, беше вредна жена и чиста но, нашиот брак почна да се расипува по моите први помали неверства“, напиша Раде.
Тие се разведоа во 1987 година, а тој и’ посвети стихозбирка на својата прва сопруга во која напиша дека „не остана ништо од нас освен две возрасни деца кои со својот живот нè уверуваат дека сето тоа не било само сон и илузија“. .
Поранешните сопружници останаа пријатели и по разводот, а така остана до 2010 година, кога Иванка Церовац ненадејно почина од мозочен удар на 63-годишна возраст.
Pаде денес е во брак со Ленка Удовички, со која има три деца: Милица, Нина и Вања.