Решена најголемата планинарска мистерија стара 100 години! Пронајдени остатоците од телото на исчезнатиот алпинист – еве што се случи
Членовите на тимот на списанието National Geographic открија човечки остатоци на Монт Еверест. Тие очигледно припаѓаат на човек кој исчезнал во 1924 година додека се обидувал да се искачи на врвот.
Мистеријата околу исчезнувањето на Ендрју „Сенди“ Ирвин на Монт Еверест во 1924 година конечно е решена.
Климатските промени влијаат на топењето на снегот и мразот околу Хималаите. Вака беа откриени посмртните останки на планинари кои загинаа обидувајќи се да го остварат сонот за искачување на највисоката планина во светот.
Британецот Ендрју ‘Сенди’ Ирвин (22) исчезнал во 1924 година заедно со неговиот пријател, планинарот Џорџ Мелори (38), додека се искачувале на врвот на Еверест, на 8848 метри надморска височина.
Телото на Мелори беше пронајдено во 1999 година, но немаше индиции за судбината на Ирвин се додека тимот на National Geographic не откри чизми со остатоци од стапала на врвот на Централниот глечер Ронгбук. По поблискиот увид утврдиле дека се работи за чорап на кој е сошиена „црвена етикета со името – AC IRVINE“.
Семејството на Ирвин во соопштение рече дека се „длабоко трогнати“ кога слушнале за откритието.
Мал тим испратен од National Geographic, составен од оскаровецот и алпинист Џими Чин и колегите планинари и филмаџии Ерих Роепке и Марк Фишер, неодамна го направи откритието.
Најголемата планинарска мистерија на сите времиња
Планинарите Ирвин и Мелори тргнаа на голема авантура на 8 јуни 1924 година. Тие никогаш не се вратија дома, а нивната судбина остана „најголемата планинарска мистерија на сите времиња“.
Никогаш не се знаеше дали го достигнаа врвот. Со себе понеле фотоапарат од Kodak West Pocket. Се претпоставува дека филмот снимен на оваа камера би можел да даде одговор на прашањето за успехот на експедицијата и до каде стигнале несреќните планинари. Но, овој уред сè уште не е пронајден.
Внуката на Ендрју Ирвин, која ја напишала својата биографија во 2001 година, сè уште стравува дека пронајдениот чевел претходно бил „однесен од разни лавини“ и дека е далеку од остатокот од телото на Ирвин. Ова е причината поради која тимот на „National Geographic“ објави дека потрагата ќе продолжи за пронаоѓање на други останки, пренесува Daily Mail.