“РЕШЕН СУМ ДЕКА ЌЕ ЈА ПОБЕДИМЕ ВОЈНАТА!“ – Министерот за одбрана на Израел се сретна со семејствата на заложниците и ги најави новите чекори на Армијата
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави денес, по средбата со членовите на семејствата на заложниците кои моментално ги држи милитантниот Хамас во Појасот Газа, дека копнената операција на израелската Армија е поврзана со напорите за ослободување на заложниците.
„Копнената операција е поврзана со напорите за враќање на заложниците“, им рекол Јоав Галант на семејствата, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Израел.
Според него, доколку нема воен притисок врз Хамас, нема да има никаков напредок, објави Times of Israel.
„Ние се бориме против животните, а не против луѓето. Тоа е сложено патување, со надежи и разочарувања. Решен сум да ја добиеме војната и враќањето на заложниците е дел од победата“, нагласи Јоав Галант.