Нови детали од пукањето во Штекли: Со два куршуми во телото влегол во џипот кој го оставил во пералната и му го спасил животот на “бодигардот”!?

Поминаа пет дена од пукањето во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје во кој беа повредени Раде Трајковски Штекли и лицето со иницијали Д.Т. со прекар Колумбо кој беше негова десна рака.

Полицијата се уште трага по сторителите, но сега се знае дека едно лице има испукано седум куршуми во Раде и во Колумбо, од тоа два куршуми го погодиле Раде а два неговата десна рака. Штекли е сега надвор од животна опасност додека Колумбо се наоѓа на интензивна нега а според некои информации е ставен на респиратор!?

Избори до истрагата велат дека Раде е погоден со два куршуми, едниот го погодува во грбот, а еден во стомакот додека неговата десна рака е погоден во дијафрагмата и во дебелото црево. Едниот куршум потоа склизнува и му го пробива белодробнбото крило и тука се јавуваат големи здравствени компликации.

Добро упатените во целиот случај, како и очевидци на пуканицата во Ист Гејт велат дека ранувањето на Колумбо можело да има и трагични последици ако не била брзата реакција на Раде. Иако ранет со два куршуми, тој успева да дојде до пералната во трговскиот центар каде го има оставено џипот на перење, влегува во џипот и иако и самиот тешко ранет го превезува Колумбо до градската болница во Скопје. На тој начин му го спасува животот на лицето Д.Т.

Инаку ова е втор обид за убиство на Раде Трајковски Штекли во последните шест месеци и тоа двата во трговскиот Центар Ист Гејт каде тој доаѓа на вежбање бидејќи живеел во близина на трговскиот центар, односно во населбата Керамидница. Луѓе блиски на ранетиот велат дека Штекли е со потекло од Ѓорче Петров но е подоцна доселен во Керамидница.

Овие престрелки се доведуваат во контекст со убиствата во Шиша бар и во Ханиоти но сега се уште нема потврда на тие претпоставки.