Еден од најпопуларните рапери на Балканот Реља Поповиќ и поп дивата Наташа Беквалац без фанфари и најава го објавија дуетот „Немир“, кој за само 24 часа се најде на самиот врв на трендовската листа на Јутјуб.
Иако во спотот нема премногу нивни заеднички сцени, нивните обожаватели коментираат дека „сè пука“ од сексипилноста и енергијата на двајцата изведувачи, како и дека со оваа песна и двајцата излегле од својата комфорна зона.
– Ви подаруваме „Немир“… Имам само чувство на голема благодарност за cè што доживеав во овој процес. Реља, ти благодарам за тоа, напиша Наташа Беквалац на својот Инстаграм профил.
Инаку, само објавувањето на нивниот дует на Инстаграм го погледнале над 1,3 милиони луѓе.