РИБАРИ ОТКРИЛЕ ОСТАТОЦИ ОД МИСТЕРИОЗНО СУШТЕСТВО – На социјалните мрежи кружат морничави фотографии: БРАНОВИТЕ ГО ИСФРЛИЛЕ НА ПЛАЖАТА (ФОТО)

Страшната сцена на плажата Пико де Оро во Сантала, крајбрежен град во заливската држава Табаско, ја забележале локални рибари. Телото на мртвото суштество лежело во вегетацијата во напредна фаза на распаѓање.

Фотографиите покажуваат дека животното има четири екстремитети, издолжена глава и низа остри заби.

Фотографиите од ѕверот брзо станаа вирални на повеќе платформи на социјалните мрежи и предизвикаа загриженост кај локалните жители, меѓутоа, експертите се обидоа да ги смират стравувањата истакнувајќи дека животното во распаѓање ги има сите карактеристики на фока. Рибарите исто така веруваат дека гнилиот морски цицач е само фока.

Се уште не е познато дали локалните власти успеале да го извадат телото од плажата, која се наоѓа југозападно од одморалиштата Канкун и Тулум.

Да потсетиме остатоци од џиновска ајкула се пронајдени на плажа во југозападниот дел на Велика Британија . Трупот долг околу четири ипол метри бил откриен на устието на заливот Ливерпул, а морал да биде отстранет со помош на вилушкар.