Рибата е чест оброк за време на постот а, иако е вкусна, остава непријатни мириси: Со овие трикови за кратко време ќе се ослободите од нив
Иако е вкуснa, готвењето риба може да предизвика непријатни мириси во кујната и домот. Мирисот на пржена или печена риба може да биде тешко да се отстрани од собите, рацете и садовите.
Еден од советите е да сварите црн чај во садот во кој е подготвена рибата , со што се отстранува мирисот. Исто така, можете да додадете неколку капки сок од лимон во маслото во кое ја пржите или печете рибата, а садот пред послужување истријте го со половина лимон.
За раце, талогот од црно кафе може да помогне во дезодорирањето, а потоа измијте ги со сапун . Отворете ги прозорците за да го циркулира воздухот додека ја подготвувате рибата.
Оцетот оставен исто така може да помогне да се елиминираат непријатните мириси.