Рикер: Северна Македонија немала подобар пријател од САД на меѓународната сцена

Поранешниот американски амбасадор во Македонија, Филип Рикер ги коментираше посетите на премиерот Христијан Мицкоски на Вашингтон и можноста за американски инвестиции во нашата земја.

Рикер за Гласот на Америка вели дека Северна Македонија немала подобар пријател од САД на меѓународната сцена.

„Северна Македонија немала подобар пријател од САД на меѓународната сцена. Бевме ангажирани во минатото и ќе бидеме во иднината на Северна Македонија, што е најважно, преку многу администрации.

„Мислам дека е прекрасно да се види дека премиерот Мицкоски, за релативно краток временски период откако тој и неговата влада ја презедоа власта, воспостави толку добри и цврсти односи со Соединетите Држави, вклучувајќи ја, се разбира, нивната администрација во Вашингтон“, рече Рикер.