Рики Мартин после 6 години се разведува од сопругот! Имаат 4 деца: Решивме да ставиме крај на нашиот брак со љубов, почит и достоинство (фото)

Рики Мартин и Џон Џозеф се разведуваат по 6 години брак.

– Решивме да го завршиме нашиот брак во љубов, почит и достоинство за нашите деца, почитувајќи го сето она што сме го доживеале како пар сите овие години – објави парот во изјавата за People.

-Нашата најголема желба е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и врска заснована на мир и пријателство, да продолжиме заедно да ги воспитуваме нашите деца, зачувувајќи ја почитта и љубовта што ја имаме еден кон друг – изјавија тие.

Рики и Џон ја имаат ќерката Лусија, родена во 2018 година и синот Рено, роден во 2019 година.

Во 2008 година, Рики Мартин ги посвои близнаците Матео и Валентино, кои продолжи да ги одгледува како самохран родител.