РИК: До 14 часот излезеност од 32,38 отсо, поголема излезеност отколку во 2022 кога гласале 31,56 %

 До 14 часот на паламентарните, покраински, локални избори и избори за градот Белград, излезеноста изнесува 32,38 отосто, што е повеќе за разлика од изборите пред две години, јави дописникот на МИА од Белград.

На прес конференција на Републичката изборна комисија (РИК) соопштија дека на ниво на Србија излезеноста е поголема отколу на изборите одржани во 2022, и до 14 часот на ниво на целата држава гласале 32,38 отсто на граѓани.

Според РИК, излезеноста во Белград до 14 часот изнесува 31,86 отсто, во Шумадија и Западна Србија 32,13, Јужна и источна Србија 33,49 отсто и во регионот Војводина каде излезеноста изнесува 32,62 отсто.

Од РИК ги демантираа информациите дека во Крагуевац на едно бирачко место се затечени лица кои на гласачите при излез на гласањето им делеле коверти.

Исто така во врска со написите на медиумите дека кај Соко Штарк Арена во Белград има масовно собирање и гласање на лица од Р.Српска, од РИК демантираа дека таму постои гласачкоко место, како и дека со законот не е забрането некој масовно да ги организира за да одат на гласање на некое бирачко место, и дека по истрагата од таму не дознале кој организирано ги донесол со автобуси овие лица да гласаат во Белград.

Медиумите потврдија дека по инцидентот со уништувањето на автомобилот на невладината посматрачка организација Срце во Оџаци сторителот на делото е приведен во полицијата, исто како и лицето кое делело пари на гласачко место во Врање.

Од невладинаат организација Цесид, соопштија дека до 12 часот забележале 70 неправилности на бирачките места, дека овој процес продолжил и по 14 часот, случаи како фотогарфирање на изборните ливчиња, уфрлање на листите во погешни кутии, фамилијарно и организирано носење на гласање, како и на привремено прекинување на гласањето во бирачки места во Гроцка, Нов Белград, Земун, Нови Сад поради влиење врз гласачите и помали инциденти.