Ристовски: Прва мој цел е Вардар да се стабилизира финансиски

Новиот извршен директор на Вардар, Борко Ристовски, ги кажа првичните задачи со кои ќе се зафати по стапувањето на новата функција. 

– Да се биде на оваа функција во Вардар не е мала работа. Директор на најголемиот македонски клуб е чест, но и тежина и одговорност. Ќе се обидам со моите соработници да го вратиме Вардар таму каде што припаѓа. Моите контакти и пријателства ќе ги искористам да му помогнам на Вардар. Прва наша цел е да го стабилизираме клубот како на финансиски план така и на играчки кадар. Се надевам дека до почетокот на сезоната ќе бидеме подготвени, рече Ристовски.

Тој ги објави имињата на новите засилувања.

– До овој момент имаме потпишано шест нови играчи. Станува збор за Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ, Матија Николиќ, Јасухира и двајца младински португалски репрезентативци, Милтон Мело и Хансен Родригез.

Вардар го напуштија Дејан Манасков, Филип Талески, Куни Моралес, Дутра, додека покрај Ристовски кариерата ја заврши Стојаче Стоилов.