Ријана во смели пози и долна облека: Пејачката навистина знае како да ги израдува своите фанови

За потребите на новата рекламна кампања на нејзиниот бренд Savage X Fenty, Ријана позираше во долна облека, а од обожавателите собра бројни комплименти за својот изглед.

Таа е фотографирана во градник и гаќички со леопард принт. Косата ја обои во сина боја, а изгледот го комплетираше со впечатлив црвен кармин и накит.

Иако одлично и оди во светот на модата и убавината, некои обожаватели и порачаа дека сега е време да се врати на музичката сцена. Својот последен албум го издаде во 2016 година.

Фото: Инстаграм/бадгалрири

„Дефинитивно најубавата жена на планетата“, „Колку си убава“, „Ти благодарам што ми го разубавивте денот со овие фотографии“, „Не маѓепсавте со вашата убавина, но само да ве потсетам дека очекуваме албум“ , се дел од коментарите.

Пејачката го основаше брендот Savage X Fenty во 2018. Неговата вредност беше проценета на една милијарда долари пред три години.

Ријана претходно изјави дека споменатиот бренд го создала со цел да промовира различност во големини и бои. Нејзините колекции ги носеа многу познати дами, меѓу кои и Џиџи и Бела Хадид, Нормани, Келани и многу други.

Соработникот на пејачката Адам Селман во новото интервју за Harper’s Bazaar изјави:

“Кога го започна брендот, немаше деца. Сега има две и очигледно е светска ѕвезда. Таа постојано прави различни работи и мислам дека тоа навистина бара поинаков начин на живеење”.