Ријана со своите синови за првпат на филмската премиера: Таа откри дали момчињата се среќни поради новодојдениот член на семејството (фото)
Американската музичка ѕвезда Ријана се појави на премиерата на филмот „Штрумфови“ во Лос Анџелес со своите синови РЗА и Рајот. Семејството позираше насмеано на синиот тепих.
Таа за оваа пригода избра долг фустан и го истакна трудничкиот стомак. Изгледот го надополни со фризура во полн состав и кожна јакна.

„Возбудена сум. Ова е прв пат да гледаме филм заедно. Ја гледам неговата финална верзија. Тоа е интересно“, рече таа, меѓу другото, во интервју за „Екстра“.
Кога ја прашале како реагирале РЗА и Рајот на фактот дека семејството наскоро ќе добие ново бебе, пејачката рекла дека биле воодушевени и се смееле. Новинарите биле љубопитни дали таа очекува девојче.
„Ќе мора да почекаш и да видиш“, рекла таа, подоцна додавајќи дека отсекогаш сакала девојче. Таа открила дека името на нејзиното трето дете исто така ќе почнува на буквата Р и дека тоа веќе станало традиција.

Таа беше на Барбадос минатата недела за погребот на нејзиниот татко, Роналд Фенти. Нејзиниот партнер АСАП Роки исто така беше таму.