Роберт Де Ниро за трансродовата ќерка: Не знам зошто е драмата, ги сакам сите мои деца

Легендарниот американски актер Роберт де Ниро изрази поддршка за својата ќерка Ајрин де Ниро, која неодамна објави дека е трансродова.

„Го сакав и поддржував Арон како мој син, а сега ја сакам и поддржувам Ајрин како моја ќерка. Не знам зошто е драмата. Ги сакам сите мои деца“, изјави тој за „Варајати“.

Во неодамнешно интервју за списанието „Them“ , Ајрин изјави дека ниеден родител не е совршен, но дека е благодарна на своите родители што ја држеле подалеку од очите на јавноста и ѝ дозволиле да има нормално детство.

Таа, исто така, зборуваше за луѓето што ја инспирирале јавно да објави дека поминала низ транзиција. Меѓу нив е и Лаверн Кокс.

„Гледам трансродови жени кои се искрени, отворени и успешни, особено во јавниот домен како што се социјалните медиуми. Си помислив: „Знаете што? Можеби не е предоцна за мене“, рече таа.

Актерот има уште шест деца – Џија, Дреа, Рафаел, Џулијан, Елиот и Хелен Грејс.