Роберт де Ниро на суд: Сведочеше против својата поранешна асистентка! Еве со какви обвиненија се соочи (фото)
Роберт де Ниро вчера се појави пред Федералниот суд на Менхетен, затоа што неговата поранешна асистентка Греам Кејси Робинсон поднесе серија тужби против него.
Меѓу тие тужби беа и оние поради родова дискриминација и сексуално вознемирување. Актерот сведочеше првиот ден.
Инаку, ова не е првпат со неа да е на суд. Ова се случи и во 2019 година, кога неговата продукциска куќа ја тужеше за наводна кражба, гледање филмови и серии на „Нетфликс“ на работа и крадење на неговите „милиони милји за летот“.
Таа потоа се откажа од противтужбата поради родова дискриминација и сексуално вознемирување, како и низа лоши постапки на кои, како што самата изјави, била изложена во долгогодишната соработка со актерот.