РОБЕРТ ФИЦО СЕУШТЕ ВО БОЛНИЦА! Неговите лекари објавија: Се знае како се чувствува премиерот на Словачка

Лекарскиот тим кој се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката влада.

Фицо се лекува во болницата Рузвелт во Банска Бистрица.

Фиц беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.

Словачкиот премиер во тешка состојба е пренесен во болницата во Банска Бистрица, каде му е извршена операција.

Словачкиот суд во саботата одлучи Цинтула да биде задржан во притвор, а тој се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.