Роби Вилијамс зборува за тешката депресија: „Мислев дека е готово“

Роби Вилијамс откри дека неодамна го доживеал првиот напад на депресија по децениска пауза.

Поп ѕвездата  Роби Вилијамс  се подготвува да тргне на нова турнеја.

Тоа е негова прва турнеја од 2023 година и ќе вклучува настапи на стадиони во Единбург, Њукасл, Лондон и Манчестер.

„Годината започна со некои проблеми со менталното здравје, кои ги немав многу, многу долго време“, изјави Роби Вилијамс за Мирор во новото интервју.

Роби Вилијамс зборува за тешката депресија: Мислев дека е крај

Бев загрижен, бев во депресија“, изјави Роби.

Тој додаде дека враќањето на депресијата било особено тешко, бидејќи мислел дека ставил крај на тоа.

“Поминаа околу 10 години… Мислев дека сум на другиот крај од улицата. Мислев дека ова е крајот на мојата приказна. Така што враќањето беше само збунувачки”, објаснил Роби Вилијамс.