Робот згмечи работник до смрт! Страшна сцена во фабрика во Тајланд: Колегата не го забележа хоророт зад него (ВИДЕО)

Камерата го сними застрашувачкиот момент кога раката на робот смачка до смрт работник во фабрика во Тајланд!

Грозоморниот инцидент се случил во фабриката Вандапак лоцирана во провинцијата Чонбури во Тајланд на 27 март. Работникот натрупувал листови материјал кога роботската рака силно замавнала и го згмечила на подот. На видеото се гледа и друг работник кој на почетокот очигледно не знае за драмата што се одвива веднаш зад него.

Повредениот работник бил итно пренесен во болница, но по пристигнувањето бил констатирана смрт бидејќи роботот му нанел сериозни повреди.

Властите во фабриката тврдат дека роботската рака работела во нормални параметри и ја припишале несреќата на погрешна проценка на работникот. Тие сугерираа дека тој е свесен за способноста на роботската рака и погрешно ѝ пристапил.

– Вработените ја прифаќаат целосната одговорност за сите несреќи што се случуваат додека работат – изјавил менаџерот на фабриката за локалните медиуми.

Vandapac, специјализиран производител на пластични производи за различни индустрии, работи со децении и вработува повеќе од 800 работници во своите капацитети во Тајланд.

Роботска рака, да потсетиме, неодамна повреди работник во фабриката Тесла во близина на Остин, Тексас!