Родената мајка ја избрка од ложата затоа што зборуваше руски! Скандалозно однесување на Циципас: Пцуеше и викаше на цел глас: Не зборувај на руски!
Исклучително непријатна сцена ја одбележа полуфиналната пресметка на Мастерсот во Рим меѓу Данило Медведев и Стефанос Циципас.
Рускиот тенисер го совлада лутиот ривал од Грција со резултат 2:0 (7:5, 7:5) и обезбеди пласман во финалето, а мечот го одбележа скандалозното однесување на Циципас.
Имено, Гркот среде натпревар пцуеше, и’ се развика на својата мајка Јулија Апостоли и на крајот ја избрка од свечената ложа.
„Не зборувај на руски. Зборувај на грчки! Зборувај на својот јазик, ако за Бога знаеш“, викаше Циципас.
Видно изнервирана Јулија ја напушти ложата и се пресели на трибините, далеку од очите на нејзиниот наследник.
Патем, неговата мајка Јулија е родена во Москва. Таа беше професионална тенисерка и го претставуваше Советскиот Сојуз во Фед купот. Јулија Салникова (моминско презиме) како јуниорка беше најдобра тенисерка на планетата.