РОДЕНA КАКО МАЖ, СЕ НАТПРЕВАРУВА СО ЖЕНИ: Трансродовa пливачка бара да се поништат правилата!

“Трансродовата пливачка Леа Томас” побара од Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана да ги поништи правилата наметнати од Светската водена федерација кои ја спречуваат да се натпреварува во елитните женски трки.

CAS соопшти дека го добила нејзиното барање, но дека не била донесена одлука за датумот на сослушувањето.

Родена машко и започнувајќи ја својата транзиција во 2019 година, Леа Томас во март 2022 година стана првата трансродова пливачка која освоила универзитетската титула во Соединетите држави.

Неколку месеци подоцна, во јуни 2022 година, светското раководно тело на пливање усвои правила со кои им се забранува на трансродовите жени кои го поминале машкиот пубертет да се натпреваруваат на женски трки. Исто така, тогаш беше одлучено да се создаде „отворена категорија“ во која ќе се натпреваруваат трансродовите спортисти.