Родителите во дворот ги закопале мртвите бебиња! Невиден хорор кај Вараждин: Пронајдени две тела, уапсени таткото и мајката, вака откриен хоророт
Страшен случај се случи во областа на Вараждинската жупанија.
Голем број припадници на полицијата и другите служби вршеле ископување на подрачјето на една општина и откако го пронашле телото на едно новороденче, набрзо пронашле и друго.
Наводно, сомнежот кај мештаните за неодамнешните чудни настани го предизвикало третото дете, за кое забележале дека е неухрането, а како што пренесуваат хрватските медиуми, се вели дека родителите се членови на секта.
Зборуваше и градоначалникот на таа општина.
– Ексхумацијата е во тек врз основа на полициската истрага. Едното тело го пронашле, а другото го бараат во дворот од семејната куќа. Тоа семејство не е од тука, се преселиле овде, па ни се непознати. Не знам како полицијата ги добила овие сознанија или детали од истрагата. Полицијата ги има сите информации и ќе видиме што навистина се случило, дали причината за смртта е неухранетост или нешто друго – рече началникот.
Родителите се приведени а полицијата го истражува местото.