Рокас: Идентитетот и јазикот не се дел од преговарачката рамка, тие најдобро се заштитени со членство во ЕУ

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас, денес во Охрид, позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, велејќи дека тој дава поддршка за процесот на интеграција на земјата и за процесот на реформи, особено за реформите во судството, борбата против корупцијата и другите предизвици со кои се соочува земјата.

Во врска со контроверзните членови во Извештајот за идентитетот и јазикот, тој рече дека Европскиот парламент е независна институција која донесува политички одлуки во согласност со внатрешните процедури.

„Најважно е да се нагласи дека идентитетот и јазикот не се дел од преговарачката рамка. Идентитетот и јазикот се подобро заштитени со полноправно членство во ЕУ“, рече Рокас.