Рокас: Северна Македонија е првата земја што ќе добие средства од Планот за раст на Западен Балкан

Тешките времиња можат да бидат можност да се научат вистински лекции, да се посветиме на акција и да ги подобриме работите на долг рок. Токму ова го направија основачите на ЕУ пред 75 години. Токму ова го бараат граѓаните на ЕУ. Токму ова го бараат граѓаните на Македонија, особено младите. Во првите девет месеци од мојот престој во земјата, многу често се среќавав со млади луѓе, каде и да патував. Тие беа едногласни, не гледаат друга иднина освен да станат граѓани на семејството на ЕУ, рече евроамбасадорот Михалис Рокас на приемот по повод 9 мај – Денот на Европа, што се одржа во Музејот на современа уметност во Скопје.

На приемот, на кој присуствуваа претседателката Гордана Силјановска Давкова, министри, градоначалници, пратеници, амбасадори на земјите-членки, други земји и претставници на медиумите, амбасадорката на ЕУ нагласи дека оваа година, Денот на Европа се одржува помалку од два месеци по невидената трагедија во Кочани, во услови на тековни геополитички превирања, но и во време на заедничка посветеност и видливи чекори за подобрување на работите, за земјата и за Европа како целина.

„Оваа година се одбележува 75-годишнината од Шумановата декларација. Визија родена по најкрвавата војна во човечката историја, која ги собра поранешните противници кои ги оставија настрана своите минати разлики. Идеја што најави нова ера на мир, интеграција и демократска соработка во Европа. Денес, оваа визија е фундаментално предизвикана од бруталната агресивна војна на Русија против Украина. Русија го врати теророт и уништувањето на воениот конфликт на европска почва, обидувајќи се да ја лиши Украина од делови од нејзината територија и од нејзиното суверено право да ја избере својата иднина. Руските напади неселективно убиваат мажи, жени и деца, што е јасно кршење на меѓународното право.“

Соочен со агресијата, украинскиот народ покажа херојска храброст да ја брани својата земја и со тоа да ја заштити слободата на цела Европа. Им оддаваме почит на сите оние кои ги жртвуваа своите животи и ги загубија своите најблиски во оваа војна. „Слава на Украина“, рече Рокас.

Рокас нагласи дека Планот за раст дава голем поттик на овој процес. Амбасадорот на ЕУ нагласи дека Република Северна Македонија е првата земја во Западен Балкан што ги потпиша потребните договори и доби авансно финансирање од Планот за раст, благодарение на Агендата за реформи, која, како што нагласи, е изготвена со конструктивен ангажман на две различни влади и два различни состава на Парламентот.

„Истата посветеност е потребна за да се претвори Агендата за реформи во реалност. Ова ќе им овозможи на граѓаните и бизнисите да ги искусат придобивките од членството во ЕУ пред пристапувањето“, рече Рокас