Амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Михалис Рокас, оценува дека честитките упатени од македонските политичари за изборот на новата влада во Бугарија се добредојдени.
Рокас при денешната посета на Куманово рече дека и по изборот на новата влада во Бугарија, фокусот на делегацијата на ЕУ во земјава е помагање за спроведување на реформите.
„Факт е дека имаме нова влада во Бугарија, ги видов честитките кои беа разменети, што е многу добредојдено. Од наша страна, како делегација на ЕУ, ќе се фокусираме да и помогнеме на земјата да ги спроведе реформите.
Како што веќе реков, има голем момент и голема можност за проширување на ЕУ. Премиерот во декември веќе двапати бил во Брисел, па има голема дипломатска активност.
Она што се обидуваме да го направиме овде е каква е оваа дипломатска активност, помагајќи да се надмине овој проблем и да се оди напред. Фокусираме на спроведувањето на реформите, а особено на реформската агенда, која беше одобрена од Владата“, изјави евроамбасадорот Рокас.