Ролинг Стоунс го објавија датумот на издавање на нивниот албум: Публиката е на нозе затоа што започнува новата рок авантура, слушнете го првиот сингл (ВИДЕО)

Легендарните Ролинг Стоунс по 18 години конечно го најавија објавувањето на новиот албум.

Во специјалната програма емитувана на Јутјуб со познатиот американски водител и комичар Џими Фалон, тие раскажаа сè за албумот „Hackney Diamonds“ и синглот „Angry“, а одговараа и на прашања од публиката.

Инаку, целиот настан се одвивал во театарот „Hackney Empire“ во Лондон, а легендите најавија дека албумот ќе излезе на 20 октомври.

Инаку, напоменаа и дека ова е прв албум со авторски песни од 2005 година и го споменаа тапанарот Чарли Вотс, кој почина во 2021 година на 80-годишна возраст.

– Секако дека ни недостига – рекоа, а Кит Ричардс додаде:

– Бидејќи го нема Чарли, сè е поинаку. Многу ни недостига, но поради него го имаме Стив Џордан, кого Чарли го препорача во случај нешто да му се случи – рече Мик Џегер и додаде дека Чарли сепак успеа да отсвири 2 песни со нив.

Ова е нивниот 31 студиски албум со авторски песни и музика (претходно беше Bigger Bang од 2005 година) и за жал прв без Чарли Вотс и рекоа дека може да се пушта секаде и во секое време.

Погоре слушнете го првиот сингл од овој долгоочекуван албум. Спотот го режираше Франсоа Русел, а во него се појавува актерката Сидни Свини, која беше во публиката за време на специјалното шоу.