Место Aвелеј, Есекс, Велика Британија, 4:10 часот и вешти крадци кои со помош на модерна направа крадат „Rolls Royce Culinan“ вреден 350.000 фунти (околу 405.000 евра) за само триесет секунди.
Шокантната кражба ја снимила безбедносната камера на куќата, пред која искусни крадци декодирале и однеле скап теренец, пренесува британски Дејли Мејл .
Како што може да се види на видеото, еден од крадците високо ја држи антената, која го добива сигналот од клучот на сопственикот на автомобилот, кој во тој момент бил во куќата.
Крадците потоа го исклучиле безбедносниот систем на автомобилот и користеле клониран сигнал за да го измамат возилото да помисли дека клучот е во близина , што овозможило теренецот да се отвори и да се запали моторот.
Неколку моменти подоцна, крадците побегнале, а полицијата во Есекс соопшти дека истрагата е во тек и дека автомобилот сè уште не е пронајден и дека не се уапсени.
Како што објави The Sun, пријател на сопственикот на Ролс Ројс изјавил дека жртвата е „збунета и очајна“ бидејќи луксузниот теренец бил украден од неговата влезна врата.
Дејли мејл наведува дека автомобилите најчесто се крадат по нарачка, по што во контејнери се испраќаат на други континенти каде се продаваат или се користат за делови. Многу возила се крадат на ист начин како споменатиот „Ролс Ројс“, а дури 72 отсто од украдените автомобили никогаш не се пронајдени.
Затоа, на сопствениците им се советува да ги чуваат клучевите на безбедни места што ги спречуваат крадците да го хакираат сигналот.