Романија прогласи епидемија на мали сипаници

Министерството за здравство на Романија прогласи епидемија на мали сипаници во земјата поради алармантниот пораст на бројот на заболени.

Во моментов има околу 2.000 случаи низ земјата, пријавени во 29 области, објави „Романија журнал“.