Романсите со разлика во возраста ќе бидат хит оваа година

Изненадувачки вести од апликациите за запознавање

Во изминатата година се појавија многу трендови кога станува збор за запознавање партнери, но апликацијата Bumble објави годишен извештај врз основа на увидите на своите корисници.

Според апликацијата за запознавање Bumble, во 2024 година се очекува огромно зголемување на односите со значителен јаз во возраста.

„Ќе видиме самци кои ја отфрлаат постојаната потрага по совршенство, ги отфрлаат застарените временски рамки, поставуваат предизвици и повеќе ја ценат емоционалната ранливост и заедничките приоритети“, напишаа тие.

Психотерапевтот Тоби Ингам им објасни на медиумите дека не постои „совршена“ разлика во возраста за создавање врски, пренесува Телеграф.

Тој вели дека порано постоела идеја дека треба да се одземе половина од возраста, а потоа да се додадат седум години за да се добие таканаречената „совршена разлика“ во години кога е во прашање изборот на партнер.

„Тоа можеби е застарено сега. Од една перспектива, можеби претпочитаме нашите партнери да бидат врсници. Ако јазот беше преголем, ќе имаше проблеми во однос на културните вредности, интереси и слично. Сега, акцентот на општеството на инклузивноста и нормализацијата на разликите може да ги искорени таквите идеи“, објасни тој.

Иако романсите со разлика во возраста се сè почести, тие сепак успеваат да го привлечат вниманието на луѓето. Но, како што луѓето се повеќе се грижат за нивните лични приоритети, се очекува таквите односи да растат.