РОМА – ИНТЕР 0:2 – Важна победа за Интер, Рома се подалеку од Лигата на шампионите

Во многу значаен меч, во дербито на 34.коло во Серија А, Интер покажа дека и дефинитивно е во форма во последно време. Тимот од Милано со 0:2 ја победи Рома и тоа на “Олимпико“ среде Рим, ова беше петта победа во серија за “неро – аѕурите“. Па така со овие три бода тимот на Симено Инзаги направи голем чекор кон пласман во Лигата на Шамионите.

Интер поведе со голот на Димарко во 33.минута по асистенцијата на Дамфрис. Точка на победата стави Лукаку во 74.минута откако беше проигран од Лаутаро Мартинез, кој пак можеше да донесе и поубедлив триумф, но неговиот шут заврши во пречката на домашниот состав.