Роналдо де Асис Мореира, попознат како Роналдињо, му одговори на српскиот претседател Александар Вучиќ и го најави своето доаѓање на Експо 2027 во Белград.
За многумина најголемиот фудбалски волшебник некогаш го привлече вниманието на регионалната јавност откако објави видео од своето обраќање до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
По тој повод, славниот Бразилец му се заблагодари на Вучиќ за поканата и го најави неговото пристигнување на Експо 2027, традиционална голема изложба на која земји од целиот свет ќе презентираат иновации.
„Поздрав, претседателе Вучиќ. Ви благодарам многу за поканата за Експо 2027. Наскоро ќе бидеме заедно, голема прегратка“, вели Роналдињо во видеото кое кружи на социјалните мрежи.
Инаку, Роналдињо по завршувањето на кариерата западна во бројни финансиски проблеми, но и со законот, па одредено време помина во парагвајски затвор.
Ова не е прва врска на Бразилецот со Србија, бидејќи своевремено рекламираше спортска обложувалница во оваа земја.
Некогаш најдобриот фудбалер на светот, кариерата ја заврши во 2015 година во Бразил, настапувајќи за Флуминенсе. Во Европа остави длабока трага во дресовите на Барселона, Милан и ПСЖ, кога важеше за најдобар играч во светот.
Освои се што требаше да се освои во светот на фудбалот, но секогаш го прогонуваше впечатокот дека можеше да направи многу повеќе, доколку немаше „вечни“ проблеми надвор од теренот.