Роналдињо откри кој играч посебно му се допаѓа: „Има бразилски стил, непредвидлив е, измислува, провоцира…“

Познатиот бразилски фудбалер Роналдињо даде интервју за француски „ Л’Екип “ каде зборуваше за најголемите таленти во светскиот фудбал.

Најпрво, тој зборуваше за Усман Дембеле , моментално играч на Пари Сен Жермен, чија игра многу му се допаѓа.

– Не сакам баш да правам споредби. Ги гледам првенствено моите стари клубови и оние кои се уште се натпреваруваат во Лигата на шампионите. Тука е Усман Дембеле во ПСЖ. Многу ми се допаѓа, има малку бразилски стил. Тој е непредвидлив, измислува, провоцира. Често е нечитлив, а згора на тоа постигнува и многу голови. Тој се појавува, играјќи поинаква улога од онаа што ја имаше во ПСЖ лани или во Барселона пред тоа – изјави Роналдињо , а потоа прокоментира и за Килијан Мбапе .

– Тој дефинитивно е еден од играчите кои многу ми се допаѓаат. Тој е голем пријател, личност која ја почитувам за се што прави во животот. Многу сум среќен што дојде да игра во шпанската лига. Имаме некако иста траекторија после Париз… освен клубот. Но, тој е и во историски клуб кој треба да му дозволи да се изразува и да освојува важни работи што му недостигаат – вели Роналдињо .