РОНАЛДИЊО ПОВТОРНО ОДИ ЗАД РЕШЕТКИ !? Специјалци му влегле во неговиот дом, а тој избегал: На фудбалската супер-ѕвезда и се заканува голема казна затвор за тешко кривично дело!

Познатиот бразилски фудбалер Роналдињо Гаучо или попознат во светската јавност како Роналдињо е осомничен за измама со криптовалути и наскоро би можел да се најде повторно во затвор.

Бразилските обвинители сметаат дека компанијата 18К во сопственост на поранешен претставник на оваа земја е дел од пирамидална шема. Компанијата им ветила на клиентите дневен приход од 2 отсто, наводно врз основа на трансакции со криптовалути.

Роналдињо два пати бил повикан да сведочи, но два пати го игнорирал повикот. Поради одбивањето да се појави на суд, бразилската полиција упаднала во домот на 43-годишникот за да му го одземе пасошот. Роналдињо не бил дома, па полицијата извршила претрес.

Обвинителите побарале од судот да му забрани на Роналдињо да ја напушти земјата во текот на истрагата и да му го одземе пасошот.

Роналдињо веќе еднаш имаше големи проблеми со законот. Во март 2022 година, тој беше уапсен поради користење лажни пасоши при преминувањето на границата со Парагвај. Нешто подоцна, неговиот брат и тој беа ослободени од затвор со кауција од 1,6 милиони долари. Браќата поминаа 171 ден зад решетки, а беа во домашен притвор во Асунсион повеќе од четири месеци.