ФОТО | ХОРОР ВО УКРАИНА – Руски проектил погоди продавница и кафуле, при што загинаа најмалку 48 жители, меѓу кои и деца

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека 48 жители на селото Гроза кај Купјанск загинале кога била погодена цивилна зграда.

Според информациите, меѓу жртвите наводно има и деца.

Ракетен напад на обична бакалница и апсолутно одвратен терористички напад! Областа Купјанск во регионот Харков е погодена. Во моментов знаеме за 48 загинати. Моето срце е со сите што ги изгубиле своите најблиски! Се надеваме дека ќе им помогнеме на повредените… Рускиот терор мора да престане. Секој кој и помага на Русија да ги заобиколи санкциите е злобен. Секој што ја поддржува Русија го поддржува злото. Овој и слични терористички напади се неопходни само за Русија да ја направи својата геноцидна агресија нова норма за целиот свет“, напиша Володимир Зеленски во објава на социјалните мрежи.

Првиот човек на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, ги откри деталите за нападот.

Русите нападнаа кон цивилен објект во селото Гроза и округот Купјанск. Прелиминарно е познато дека загинале 48 лица, меѓу нив имало и 6-одишно момче. Се знае дека и шестмина се ранети. Меѓу нив има и мало девојче. Продолжува чистењето на урнатините“, вели Андриј Јермак.

Гранатирањето го потврди и првиот човек на регионот Харков, Олег Синегубов.

Денеска околу 13 часот и 15 минути Русите погодија во кафуле и продавница во селото Гроза каде имало многу цивили. Спасувачите продолжуваат да работат. Досега од урнатините се извлечени телата на 48 цивили. Меѓу нив е и 6-годишно момче“, изјавил Олег Синегубов.