Роналдо го започнува своето шесто европско првенство: Кристијано и Португалија утре ќе го одиграат првиот натпревар на ЕП

Кристијано Роналдо, кој беше замена за време на Светското првенство во Катар, излегува на теренот со португалската репрезентација на првиот натпревар против Чешка во првото коло на Европското првенство во Германија во вторник.

Роналдо на клупата го заврши својот последен голем меѓународен турнир, Светското првенство во Катар 2022 година. Иако Европското првенство тогаш беше далеку за Роналдо, сепак кај играчот постои желба за победа.

Новиот тренер Роберто Мартинез има верба во Роналдо, кој сега има 39 години. Играчот имаше многу солиден резултат во квалификациите со 10 постигнати голови.

На неодамнешниот и последен подготвителен натпревар, Роналдо постигна уште два гола против Северна Ирска, а утре против Чешка ќе настапи со рекордни 130 постигнати голови.

„Го сакам фудбалот и рекордите се само последица на она што го работам. Тоа не е цел за мене, тие се случуваат природно“, им рече Роналдо на новинарите кога пристигна во Германија.

Играчот кој учествува на шестото Европско првенство во кариерата изјави дека е среќен поради тоа и сака максимално да го искористи натпреварувањето.

Натпреварот Португалија-Чешка започнува утре од 21.00 часот.