Роналдо доминира и на 38 години! Нереален податок: Кристијано е најдобар во светот годинава, го прескокна и Халанд! (фото)

Португалија убедливо со 5:0 ја совлада Босна и Херцеговина во Зеница, а двоен стрелец на натпреварот беше феноменалниот Кристијано Роналдо.

Со двата гола против Босанците, 38-годишниот Португалец се искачи на првото место меѓу најдобрите стрелци на планетата во 2023 година.

Фудбалерот на Ал Наср и репрезентативец на Португалија оваа година постигна вкупно 40 гола!

Така зад себе ги остави младите надежи на светскиот фудбал Ерлинг Халанд кој има 38 гола во дресот на Сити и Норвешка и Килијан Мбапе со 35 гола.

Сепак, најдобриот стрелец во календарската година нема да биде во конкуренција за добитник на Златната копачка, која се доделува во лигите под покровителство на УЕФА.