– Кристијано Роналдо, фудбалерот на саудискиот клуб Ал Наср, стана првиот играч кој во кариерата постигнал 850 голови на официјални натпревари.
Роналдо го подобри сопствениот рекорд на натпреварот помеѓу Ал Хазм и Ал Наср во петтото коло од Првата фудбалска лига на Саудиска Арабија.
Роналдо (38) кој го постигна четвртиот гол за Ал Наср во победата со резултат од 5:1, го зголеми бројот на голови во својата клупска и репрезентациска кариера на 850. Втор на вечната листа на стрелци е Аргентинецот Лионел Меси, кој мрежата ја затресе 818 пати.
Португалскиот напаѓач има постигнато 123 голови за репрезентацијата, 450 за Реал Мадрид, 145 за Манчестер Јунајтед, 101 за Јувентус, пет за Спортинг Лисабон и 26 за Ал Наср.
Ал Наср, кој ја започна лигата со два последователни порази, победи во последните три средби во кои Роналдо постигна шест гола и се искачи на шестото место на табелата. Португалецот е на врвот на листата на стрелци.