Роналдо конечно се појави пред своја публика а со изјавата ги изненади сите: “Саудиската лига ќе биде меѓу петте најсилни лиги во светот!“
Репрезентацијата на Португалија вечерва ја очекува тест натпревар против Лихтенштајн во првото коло од квалификациите од групата Ј за Европското првенство во 2024 година.
Роберто Мартинез, кој ја напушти Белгија по Светското првенство во Катар, ќе дебитира како тренер на Португалија.
И додека под водство на поранешниот селектор Фернандо Сантос, капитенот на националниот тим и главна ѕвезда Кристијано Роналдо почна да го губи местото во првите 11 (против Мароко и Швајцарија започна од клупата во нокаут фазата), Мартинез најави дека ќе продолжи да биде неговиот ‘рбет во екипата. Петкратниот освојувач на „Златната топка“ се појави пред новинарите на прес-конференцијата пред првиот натпревар од неговата „нова ера“, каде одговори на бројни прашања и размислуваше за своите впечатоци од Саудиската лига, каде што настапува за Ал Наср од Ријад од оваа зима откако го раскина договорот со Манчестер Јунајтед. Ова е негово прво појавување пред локалните новинари по Светското првенство.

„Бев пријатно изненаден кога дојдов. За пет, шест или седум години ќе биде четврта или петта најконкурентна лига во светот доколку продолжат со истиот план“, изјавил Португалецот, а потоа зборувал за своите планови на репрезентативно ниво.
„Среќен сум бидејќи тренерот смета на мене. Разговараше со сите играчи, вклучувајќи ме и мене. Не се срамам да признаам дека имав лоша фаза во кариерата, но тој период е зад мене, се уште имам желба да ја водам Португалија до врвот. Секогаш кога тренерот сака да смета на мене ќе бидам на располагање“, вели Кристијано Роналдо.