Кристијано Роналдо и неговата партнерка Џорџина Родригез повторно купија земјиште на ултра ексклузивниот остров Џумеира.
Парот потроши 25 милиони евра за ново парче земја во нивна сопственост.
Се претпоставува дека Роналдо, кој моментално е во Германија со португалската репрезентација, сака да направи долгорочна база во регионот на Персискиот Залив. Легендарниот 39-годишен фудбалер моментално е член на Ал Наср од Саудиска Арабија, па очигледно има намера да „пушти корени“ на Блискиот Исток.
Островот Џумеира е вештачки остров во облик на морски коњ во близина на брегот на Дубаи, во близина на познатите Палмови Острови.
Џумеира е познат по својата ексклузивност и луксуз. Островот е дом на 15 луксузни резиденции кои нудат некои од најприватните и најексклузивните плажи во регионот. Исто така, има врвни објекти како што се забавни клубови, хотели, јахта клуб, центар за нуркање…
Се шпекулира дека Кристијано и Џорџина планираат да изградат раскошен замок на ново стекнатото земјиште.
Роналдо на тој начин би додал нов дом на големата колекција на луксузни имоти ширум светот, вклучувајќи ги Мадеира, Мадрид, Марбела, Њујорк, Лисабон, Торино…
Португалецот во осминафиналето на Европското првенство ќе игра против Словенија. Роналдо во својот шести шампионат првпат не постигна гол во групната фаза, па Португалците со нетрпение го очекуваат неговиот 15-ти гол кога е во прашање шампионатот на Стариот континент.