РОНАЛДО МОЖЕ ДА ЗДИВНЕ: Го обвинија за силување, а сега треба да му платат цело богатство

Кристијано Роналдо минатото лето беше ослободен од сите обвиненија за силување поднесени од Катрин Мајорга за настаните од 2009 година, а сега нејзиниот адвокатски тим ќе мора да му плати цело богатство.

Помина половина година откако американскиот суд ја отфрли втората тужба на упорната Катрин Мајорга против Кристијано Роналдо, откако првата беше одбиена во 2018 година.

Сега Роналдо доби уште една пресуда. Имено, американскиот суд му наложи на адвокатскиот тим на Кетрин Мајорга да плати пари за трошоците на судскиот процес на најплатениот светски спортист.

Судот констатирал дека бил оштетен од несовесното однесување на адвокатот во долгогодишниот случај. Роналдо ќе добие 335.000 долари од адвокатката Лесли Стовал.

Окружниот судија Џенифер Дорси во документ од 18 страници изјави дека Роналдо непотребно направил повеќето такси и трошоци во оваа тужба и дека бил непоправливо оштетен.

Кетрин и Роналдо се запознале во ноќен клуб во Лас Вегас во 2009 година, а потоа, според нивните сопствени изјави, завршиле во хотелска соба. Тогаш Кетрин изјавила дека Роналдо ја силувал, но парот се решил случајот да не оди на суд.

Меѓутоа, по осум години, Кетрин решила да го тужи Роналд, велејќи дека била „ментално нестабилна“ кога ги прифатила парите за случајот да го остави надвор од судот и побарала од него 64 милиони долари. Судот пресуди во корист на Роналдо.