Роналдо му испрати потпишан дрес на Трамп со важна порака поради војната меѓу Иран и Израел

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо му испрати потпишан дрес на американскиот претседател Доналд Трамп со порака за помош во постигнувањето мир.

Пораката на Роналдо доаѓа во екот на војната меѓу Израел и Иран, а дресот му го испрати шефот на Европскиот совет, Антонио Коста, на самитот на Г7 во Канада.

Потоа Трамп се фотографираше покрај сонародникот на Роналдо, а Роналдо му напиша важна порака.

Пораката на Роналдо до претседателот на САД (Фото: Твитер)

„До претседателот на САД, Доналд Трамп. Играме за мир“, напиша Роналдо на дресот што му беше даден на претседателот на САД.

За потсетување, 40-годишниот Португалец неодамна ѝ помогна на својата земја да ја освои Лигата на нации, а моментално ужива во паузата помеѓу две сезони.