Роналдо подготвен да потпише невиден договор: Колку ќе заработува во секунда?

Легендарниот Португалец Кристијано Роналдо е подготвен да ја продолжи соработката со саудискиот Ал Наср, а шпанскиот весник Марка ги откри сензационалните услови од новиот договор.

И покрај тоа што наполни 40 години, Роналдо нема намера да престане да игра професионален фудбал и има за цел да постигне уште 69 гола за да стане првиот играч во историјата кој постигнал 1.000 голови во професионална кариера.

Тоа ќе му биде возможно доколку го продолжи договорот со Ал Наср, а постојат сите шанси се да е договорено. Како што открива угледната Марка, двете страни наскоро ќе преговараат.

Марка пренесува дека преговорите започнале веќе во јануари и дека договорот е блиску до реализација. Освен што Роналдо се чувствува удобно во неговиот сегашен клуб, таму ќе го остават и финансиските услови невидени во светот на фудбалот.

Имено, Роналдо ќе потпише двегодишно продолжување на соработката во вредност од неверојатни 400 милиони евра, односно 200 милиони евра по сезона.

Пресметките покажуваат дека Португалецот ќе заработува 6 евра во секунда, 380 евра минута, 22.700 евра на час и 546.700 дневно, што е невидено во светот на фудбалот.

Иако има огромни приходи во Саудиска Арабија, Роналдо во неколку наврати нагласи дека тоа не е клучната причина за неговата преселба во Ал-Наср.

Според Роналдо, причината за неговото пристигнување во Саудиска Арабија била запознавањето на различна култура и фактот што му се допаѓал саудискиот народ поради нивното гостопримство. Тој истакна и дека дошол за трофејот и популаризација на саудискиот фудбал.