Роналдо призна дека доаѓа крајот: „Веќе не можам да размислувам долгорочно, мојата цел е да го живеам моментот…“

Иако се чини дека кариерата на Кристијано Роналдо никогаш нема да запре, неизбежно е тој да почне да размислува за пензионирање.

На 39-годишна возраст, Роналдо сe уште е повикан во репрезентацијата на Португалија, и продолжува да игра на највисоко ниво во Ал Наср, но доаѓа време кога ќе треба да се збогува со професионалниот фудбал. По 200 настапи за националниот тим, Роналдо доби награда од Португалската фудбалска федерација, а по тој повод проговори за својата кариера и иднина.

Зборувајќи за своите почетоци во националниот тим, Роналдо се присети на соништата кога на 18 години дебитираше за репрезентацијата.

– Кога дојдов во репрезентацијата, имав сон – да играм. Подоцна си помислив, зошто не до 25, па до 50… На крајот се запрашав, зошто да не до 100? И тогаш си помислив, зошто да не до 150 и 200? Тоа е голем успех за мене – изјави Роналдо.

Иако стекна голема слава и богатство играјќи за најголемите европски клубови, Роналдо не пропушта прилика да ја истакне важноста да ја претставува својата земја.

– По освоените трофеи, Лигата на шампионите, Златната топка, наградите на ФИФА… нема ништо повредно од играњето за Португалија – изјави Роналдо. Тој испрати и порака до оние кои не го делат неговото мислење: „Да ја претставуваме нашата култура, нашите деца, нашите родители, нашите пријатели… Разочаран сум од играчите кои одбиваат да играат за репрезентацијата“ , истакна тој. .

Роналдо потоа додаде: „Често слушам дека Португалија е мала“. Но, ние сме големи. Мораме да веруваме во тоа. Имаме сè – инфраструктура, стадиони, фантастични тренери, голем потенцијал меѓу играчите. Единствено што ни останува е да испегламе неколку нерамнини и веруваме дека еден ден ќе станеме навистина големи “.

Кога станува збор за неговите амбиции, 1.000 голови остануваат голема цел за Роналдо, иако тоа во моментов изгледа како многу далечен потфат.

,,Oчигледно си ја поставив оваа цел и сега ми се чини дека само сакам да постигнам 1.000 голови. Мојата цел е да живеам во моментот и да видам како реагираат моите нозе. Ако стигнам до 1000 ќе биде супер. Ако не, никој нема постигнато повеќе голови од мене, па… “, изјави Роналдо.

Со оглед на тоа дека се уште е гладен за голови сезонава постигна 10 гола на 15 натпревари, но сепак е далеку од 1000. Сепак, тој не се плашеше да признае дека можеби нема време да постигне:

– Не мора да размислуваме долгорочно, не можам повеќе да размислувам долгорочно. Тоа е тоа, живеење во моментот, уживање во моментот –  изјави Роналдо.

Можеби ќе стигне до оваа цел, можеби не, но едно е сигурно – крајот на неговата кариера е сè поблиску.