Роналдо се појави со часовникот од 718.000 евра кој го доби на подарок откако се пресели во Саудиска Арабија
Кристијано Роналдо на подарок доби часовник вреден 718.000 евра за неговата одлука да му се приклучи на Ал Наср.
Португалската суперѕвезда кариерата ја продолжи во Саудиска Арабија со договор од кој годишно има бенефит околу 200 милиони евра.
За оваа одлука има добиено и специјален подарок, многу скап часовник Jacob and Co lukosze.
Часовникот со саудиска тема – зелен за да го претставува знамето на земјата и главната религија, исламот, има 338 екстремно ретки скапоцени камења вградени во него и е од 18 k бело злато, со димензии 47 mm на 15,85 mm и кожен ремен. алигатор зелена боја.