– Германскиот фудбалер Марко Ројс го продолжи договорот со Борусија Дортмунд за уште една сезона, објави денеска актуелниот лидер во Бундеслигата.
Триесетитригодишниот Ројс дојде во редовите на бундеслигашот од Дортмунд пред 11 години од Борусија Менхенгладбах.
Неговиот претходен договор истекуваше на крајот на оваа сезона во која запиша 20 настапи во германското првенство и постигна шест голови, додавајќи и четири асистенции. Пропушти девет натпревари поради различни повреди.
Ројс и соиграчите сезонава се на добар пат да го прекинат десетгодишното владеење на минхенски Баерн во Бунсдеслигата.